Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота, ја истакна важноста на „бјанконерите“ да играат најдобро кога ќе гостуваат кај Лил во Лигата на шампионите денес.
Тимот од Торино е пред тешка задача против тимот кој веќе приреди изненадувања против Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.
„Сите натпревари се важни. Ние сме Јувентус и секогаш сакаме да победуваме. Најважно е секогаш да се трудиме да се подобруваме. Лил е многу самоуверен и сакаме да се соочиме со нив во оптимална состојба. Нашата цел е да дадеме повеќе од нашиот максимум“, рече Тиаго Мота за време на прес-конференцијата во понеделникот.
Мота ќе го врати играчот од средниот ред Даглас Луиз во тимот по долга пауза поради лекување на повреда, но сепак ќе биде без некои играчи.
„Луиз е уште еден играч кој може да му помогне на тимот. Ќе ни недостасуваат само Аркадиуш Милик, Бремер и Никола Гонзалес. Нема фаворити на ваков натпревар. Се надеваме дека ќе биде добар натпревар на овој прекрасен стадион и се надеваме дека теренот ќе биде во добра состојба. Вечерва ќе можеме да зборуваме само за тоа кој одигра подобро“, изјавија тренерот на Јувентус.

