Играчите на Манчестер Сити ќе поделат вкупно 20 милиони фунти доколку ја освојат титула денес, тврди британското издание на весникот „Сан”.
Токму толку е тимската премија која раководството на тимот ја вети при победа над Брајтон. При освоени три поени во последното коло тимот ќе си ја обезбеди одбраната на титулата во Премиер лигата, што е и главната цел на тимот.
На овој начин тимот на Пеп Гвардиола ќе го освои вториот од трите можни трофеи, а може да ја заврши сезоната и со три титули во случај да успее да победи и против Ватфорд во финалето на ФА Купот следната недела на „Вембли”.
Главниот бонус за титулата беше зголемен за 25% во однос на премијата од минатата сезона.