Крилниот играч на Тотенхем Лукас Моура беше избран за играч на месец август во Премиер Лигата. 26-годишниот фудбалер започна одлично оваа сезона од англиското првенство, постигнувајќи три гола во победата на неговиот тим над Њукасл, Фулам и Манчестер Јунајтед.
„Тешко е да се објасни како се чувствувам. Многу сум среќен затоа што знам дека не е лесно да се добие оваа награда. Го чекав овој момент. Морам да уживам во тоа и да продолжам да работам, бидејќи верувам дека сум способен за многу повеќе”, рече Моура при добивањето на наградата. Тој е 22-тиот играч на Тотенхем и 4-ти Бразилец кој ја освоил оваа награда.
Менаџерот на Ватфорд, Хавиер Грасија, ја доби наградата за менаџер на месецот по најдобриот почеток во англиската елита за неговата екипа во нивната клупска историја. Тие ги добија сите три натпревари во август против Брајтон, Барнли и Кристал Палас, и нивниот прв натпревар во септември против Тотенхем. Досега, само еден менаџер на Ватфорд е избран за најдобар менаџер за месецот – Кике Санчез Флорес во декември 2015 година.
За најдобар гол беше прогласен погодокот на Жан Мишел Сери од Фулам кој постигна гол при победата со 4:2 над Барнли во третото коло.