Манчестер Сити го пречекува Реал Мадрид на стадионот „Етихад“ во исклучително тежок реванш од полуфиналната фаза во Лигата на шампионите. Двата тима, кои и пред почетокот на сезоната беа меѓу главните фаворити, ремизираа 1:1 пред една недела на „Сантијаго Бернабеу“ по спектакуларните голови на Винисиус Жуниор и Кевин Де Бруин. Така исходот околу патникот во финалето остана за денешниот реванш.
Манчестер Сити е на само четири натпревари до можна историска тројна круна за клубот. Првиот од овие натпревари е токму против актуелниот освојувач на трофејот во Лигата на шампионите. Неколку дена подоцна, во недела, „Граѓаните“ можат да ја официјализираат титулата во Премиер лигата, оставајќи ги за подоцна евентуалното европско финале и финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед.На „Етихад“ се уверени дека можат да ги доведат сите овие битки до успешен крај. Пред се, најважен е денешниот супер дуел.
Манчестер Сити е во неверојатна серија од 22 натпревари без пораз во сите натпреварувања. Додадено на ова е серијата од 15 победи на „Етихад“, при што на 14 од тие 15 натпревари тимот постигнал најмалку два гола. Последен пат Манчестер Сити загуби домашен натпревар во Лигата на шампионите во септември 2018 година.
„Граѓаните“ викендов немаа проблеми на гостувањето кај Евертон, победувајќи со 3:0 за 11-та последователна победа во Премиер лигата.
Сепак, на сите овие достигнувања Реал им се спротивставува со 14 трофеи од најпрестижниот европски клупски турнир. Реал Мадрид веќе освои еден оваа сезона откако го подигнаа пехарот во „Копа дел Реј“. Доколку додадат уште еден трофеј од омилениот турнир на клубот, сезоната ќе биде повеќе од успешна, иако Реал ја загуби битката за титулата во Ла Лига на сметка на својот вечен ривал Барселона.
Минатата сезона Манчестер Сити на овој стадион го победи Реал Мадрид со 4:3 во многу спектакуларна средба. Домаќините нема да имаат ништо против повторување на тој резултат бидејќи тоа ќе значи дека Граѓаните ќе стигнат до своето второ финале во Лигата на шампионите во последните три години.
Единствениот знак прашалник во составот на Пеп Гвардиола беше дали Нејтан Аке, кој ги пропушти последните два натпревари на тимот поради повреда. На својата прес-конференција пред натпреварот, Пеп објави дека Холанѓанецот не е подготвен, па нема да биде дел од групата на „граѓаните“.
Карло Анчелоти одмори голем број на стартери против Хетафе, па играчите на Реал треба да бидат доволно свежи за гостувањето кај Манчестер Сити. Едуардо Камавинга го напушти теренот со повреда, но последните снимки покажаа дека ќе биде на располагање за пресметката со Сити. Тоа значи дека и двајцата тренери ќе го имаат речиси целото оружје на кое ќе се потпрат во оваа битка за финале.
Можни состави:
Манчестер Сити: Едерсон, Волкер, Рuбен Диас, Аканџи, Стоунс, Родри, Бернардо Силва, Де Бруин, Гундоган, Грилиш и Халанд.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Милитао, Рудигер, Алаба, Модриќ, Крос, Камавинга, Валвереде, Бензема и Винисиус Жуниор.
Судија: Симон Марчињак (Полска)
Стадион: „Етихад“ – Манчестер