Милан и Јувенту се обидуваат да најдат заеднички јазик и да разменат дел од фудбалерите. Преговорите се во напредна фаза за Бонучи и Игуаин а во целата приказна може да влезе и и Матија Калдара.
„Росонерите“ во замена за Бонучи го сакаат младиот дефанзивец кој во текот на летово пристигна од Аталанта. 24-годишниот стопер се наметнува како еден од најголемите таленти во Италија. Луѓето од Милан проценуваат дека тој ќе биде идеална замена за Бонучи.
Вредноста на Калдара и Бонучи е приближна на трансфер пазарот додека ситуацијата со Игуаин е поразлична бидејќи Јувентус бара 60 милиони евра додека Милан нуди 50.