Бугарскиот – „Спортал.бг“ тврди дека поранешниот селектор на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, може да седне на кормилото на Лудогорец.
Популарниот Мрме кој ја напушти нашата селекција по историскиот настап на ЕП, засега е без ангажман.
Порталот наведува дека Ангеловски може да добие понуда и од полскиот состав Легија Варшава. Тој претходно се поврзуваше и со хрватскиот состав Хајдук.

