Македонската традиционална карате федерација денеска на посебна свеченост ги прогласи најдобрите за 2018 година во повеќе конкуренции. Кај сениорите признанието го доби Дејан Недев пред Аљоша Недев и Бојан Богдановиќ додека кај сениорките за најдобра е прогласена Јадранка Недева пред Емилија Јанчевска.
Тренер на годината е Атанас Василев од Шихан Струмица додека во категоријата младинки/јуниорки наградата заврши во рацете на Мила Саздова, втора во рангирањето беше Берта Милевска. За најдобар ветеран е прогласен Ристо Сакалиев. Посебна награда за животно дело добија Венцислав Недев, – Претседател на МТКФ кој повеќе од 50 години е активен во каратето како и Ѓорѓи Кузмановски – Претседател на Сојузот на спортови на град Скопје кој исто така повеќе од 50 години е активен во спортот.
За посебен придонес и развој на МТКФ и воедно на каратето, благодарници меѓу другите добија и Дарко Каевски –Директорот на АМС и Саша Богдановиќ – Градоначалник на Општина Центар.