Челниците на Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го купат фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт (Франкфурт), Рандал Коло Муани.
24 –годишниот играч во сезонава има одиграно 40 мечеви со ефект од 20 голови и 12 асистенции.
Тој има тековен договор до 2027 година а германскиот тим за неговиот потпис бара околу 100 милиони евра. За Муани е заинтересиран и тимот на Баерн Минхен.