Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Муарем Бајрами повеќе не е тренер на Македонија ЃП
    Фудбал

    Муарем Бајрами повеќе не е тренер на Македонија ЃП

    risteBy riste10/03/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров ќе има нов тренер. Муарем Бајрами не е повеќе на клупата на оваа екипа затоа што по 18 месеци си поднесе оставка.

    „Од денес не сум тренер на Македонија ЃП. Сето ова доаѓа после обостран договор со клупското раководство. Изминативе 18 месеци го поминав еден од најубавите периоди во мојот живот, каде заедно успеавме да го освоиме македонскиот фудбалски Куп, враќајќи го трофејот во Ѓорче Петров по 16 години. Исто така и оваа сезона сме во игра за Куп-трофејот бидејќи сме во полуфиналето. Во тековната сезона работите не одеа како што сакав и посакував, затоа решив дека најдобро за клубот е ако се повлечам. Ја користам оваа објава за да им се заблагодарам на сите за коректната соработка во овој период, почнувајќи од инвеститорите, блиското раководство, продолжувајќи со техничкиот штаб со кој работев во овој период, медицинскиот персонал и секако играчите, кои се најмногу. Горд сум на мојата работа и на сите успеси со Македонија Ѓорче Петров во овој период и му посакувам на тимот многу среќа и успех во тековната сезона и во иднина“, изјави Бајрами.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.