Челниците на Манчестер Сити и тренерот, Пеп Гвардиола, нема да брзаат да ја обноват соработката која треба да финишира догодина, објавија денеска медиумите во Англија.
Шпанецот кој неодамна се израдува на четвртиот пехар во Премиер-лигата во последниве пет сезони, сепак, не успеа да го донесе на „Етихад“ толку посакуваниот трофеј од Лигата на шампионите.
„Заедно правиме значајни работи и ќе седнеме да преговараме кога ќе дојде вистинско време“ – рече првиот човек на „граѓаните“, Ал Мубарак.