Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска објави дека на негова иницијатива и иницијатива на претседателот на Советот на општината, ФК Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром, каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите.
„ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Денеска, во мојот кабинет остварив средба со претставници на навивачката група Комити, која од неодамна е сопственик на клубот. На состанокот разговаравме за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“. Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси!“, напиша Муцунски.