Британските медиуми тврдат дека фудбалерот на Челзи – Михаил Мудрик, ќе си замине од таборот на „сините“ во текот на зимскиот преоден рок.
Не е тајна дека украинскиот интернационалец сака да го напушти англискиот состав бидејќи ја нема посакуваната минутажа. Крилниот фудбалер кој не влегува во плановите на менаџерот, Енцо Мареска, одигра само два меча од стартот на сезоната.
Мудрик во 2022 година го напушти украинскиот елитен тим, Шахтјор Донецк и се пресели во Англија.

