Екипата на Шахтјор ќе ја прифати последната понуда на Арсенал и ќе го испрати младиот фудбалер, Микаило Мудрук во Лондон, пренесуваат денеска медиумите од Англија.
Тоа значи дека украинскиот клуб кој претходно одби две понуди на „топчиите“ сега ќе прифати сума од околу 100 милиони евра.
22-годишниот фудбалер во тековнава сезона постигна 10 гола и запиша 8 асистенции на 18 одиграни натпревари.