Новиот ракометен супер-лигаш Алкалоид, денеска го претстави новиот проект за младите категории, новите дресови и новиот дом.
Станува збор за реновираната сала – Автокоманда која е брендирана во клупските бои. Претседателот на клубот, Живко Мукаетов, не крие дека клубот има големи амбиции.
„Пред година дена започнавме проект на визија, значаен за мак-ракометот. Основна цел е да се регрутираат млади таленти. Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков. Градиме нешто добро за македонскиот спорт, за нашата држава. Мора прво да веруваме во себеси, во тимот, во сите околу нас, ако сакаме да направиме нешто како што треба“ – рече Мукаетов.