Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко, добил понуда да се пресели во екипата на Њукасл.
Англискиот состав на 18-годишниот играч му нуди плата од 150.000 фунти неделно. Мукоко кој е дел од нападот на „милионерите“ досега има дадено шест голови и направено четири асистенции во Бундес-лигата.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната. За услугите на Мукоко се заинтересирани уште неколку екипи од Шпанија и Англија.