Семејство од рускиот град Казан го крстило новородениот син, Лионел, во чест на напаѓачот на репрезентацијата на Аргентина и на шпанскиот состав Барселона, Лионел Меси, објави прес-службата на TASC. Тимот на Аргентина го заврши настапот на Светското првенство откако загуби од Франција.
Бразил вечер ќе игра против Белгија во четвртфиналето на Светското првенство во Русија а од таборот на петкратниот шампион потврдија дека Мундијалот е дефинитивно завршен за десниот бек, Данило. Фудбалерот на Манчестер сити на вчерашниот тренинг доживеал тешка повреда.
Селекторот на Уругвај, Оскар Табарез беше дециден во изјава дека почетната постава ќе се знае пред натпреварот со Франција. „ Не можам да ви ги дадам сите информации. И ние не знаеме се за Французите. Кавани е значаен играч за нас. Сепак, мислам дека зборувавме доволно за него. Пред почетокот на натпреварот ќе знаете кој ќе биде во стартниот состав“- изјави Табарез.