Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија, објави европската фудбалска федерација (УЕФА).
Германија ја доби битката со Турција што значи дека „панцирите“ ќе бидат домаќини на голем фудбалски настап по пауза од 18 години односно по Мундијалот што се реализираше во 2006. година. На собирот ќе учествуваат 24 репрезентации. Берлин ќе биде домаќин на решавачкиот меч за победничкиот пехар а фудбал ќе се игра и во Дортмунд, Дизелдорф, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпиц, Минхен и Штутгарт.
Ќе потсетиме, дека Турција беше кандидат за ЕУРО 2008, 2012 и 2016. година, но досега ниту еднаш не успеа да ја добие организацијата.