Португалија, Шпанија и Мароко ќе бида домаќини на Светското фудбалско првенство во 2030 година.
ФИФА потврди дека првите три меча ќе се одиграат во Уругвај, Аргентина и Парагвај за да се одбележи 100-годишнината од првиот Мундијал реализиран во Јужна Америка во 1930 година.
Ќе потсетиме дека наредниот светски шампионат во 2026 година ќе биде во САД, Мексико и Канада. Таму титулата ќе ја брани Аргентина.