За прв пат во историјата на светските првенства ниту еден од тимовите – Бразил, Германија или Аргентина нема да бидат дел од полуфиналето на еден Мундијал.
Петкратниот светски првак Бразил , предводен од Нејмар загуби во четвртфиналето од Белгија со 1:2, а со тоа се збогуваше од сонот да ја освои шестата титула. Бундестимот беше катастрофален во групната фаза, завршувајќи на последното понижувачко место. Аргентина предводена од Лионел Меси имаше големи очекувања, но на теренот ниту еднаш не покажа дека има потенцијал за нешто сериозно, па беше елиминирана уште во осминафиналето во можеби најубавиот натпревар на СП против Франција (3:4).
Во сите 20 светски првенства пред Мундијалот во Русија, една од селекции на Бразил (5 титули), Германија (4 титули) или Аргентина (2 титули), кои имаат вкупно 11 титули, биле меѓу четирите најдобри . Пред четири години дури и трите тима беа во полуфиналето, каде друштво им правеше Холандија.