Домашната селекција на Русија ја елиминираше Шпанија во 1/8 финалето на СП во Русија.
Во регуларниот дел од натпреварот немаше победник, па откако немаше промена ниту во продолженијата, пеналите решаваа и одлучија Русија да се пласира во ¼ финалето на ова СП. Шпанија дојде до предност со автоголот на Игначевиќ во 12.минута, а Русија израмни со голот на Џуба во 41. минута од пенал.
Во пенал серијата за Шпанија не беа ефикасни Коке и Аспас, додека за Русија прецизни беа Смолов, Игнашевиќ, Головин и Черишев, но секако херој беше голманот Игор Акинфеев кој успеа да одбрани два пенали на шпанските репрезентативци.