Феноменалниот Кристијано Роналдо забележа еден куп рекорди уште со својот прв гол за Португалија на СП во Русија. По завршувањето на ремито со Шпанија и неговите три погодока, Роналдо се израмни со Христо Стоичков по бројот на погодоци на светските првенства, а со 6 гола успеа да го помине неговиот голем конкурент, Лионел Меси.
33-годишниот Роналдо исто така стана највозрасниот фудбалер кој реализирал хетптруик на светските првенства.
Со својот прв хет-трик на Мундијалите, Кристијано Роналдо стана третиот Португалец кој реализирал барем три гола во еден натпревар на мундијалот. Легендарниот Еузебио постигна четири гола за Португалија во 1966 година во Англија, а Педро Паулета пак постигна хет-трик на Мундијалот во 2002 година.
Роналдо е првиот фудбалер во историјата кој има голови на четири последователни светски првенства.