Напаѓачот на Аталанта, Муриел, по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на фудбалските шампиони вели дека две работи го импресионирале на вчерашниот реванш-меч кој им припадна на „кралевите“ со 3:1.
„Најмногу ме импресионираше пресингот и смиреноста што ја имаа. Тоа беше извонредно ако се земе предвид дека станува збор за клуб кој можеше многу да изгуби. Ме импресионираа“ – истакна Муриел.
„Мечеви ќе ни помогнат на сите нас да се развиваме. Тоа беше нашата цел, да играме добро во Лигата на шампионите и да се обидеме да одиме што е можно подалеку“ – нагласи Колумбиецот во редовите на тимот од Бергамо.