Менаџерот на Тотенхем , Жозе Мурињо побарал од неговиот клуб да го купи турскиот интернационалец од Рома, Ченгиз Ундер , тврди „Фудбал Италија“.
Според изворот, менаџерот на англискиот клуб, Жозе Мурињо, лично побарал купување на фудбалерот . Сепак, трансферот е можен само доколку Тотенхем се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Ундер се пресели во Рома летото 2017 година од Истанбул Башакшехир. Сумата на трансферот беше 14 милиони евра.
Оваа сезона, 22-годишниот турски играч од средниот ред учествуваше на 12 натпревари во италијанскиот шампионат (шест во стартниот состав), а притоа стана автор на два гола. Договорот на фудбалерот со Рома важи до летото 2023 година.