Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ја постигна својата 107-та европска победа откако италијанскиот клуб го победи финскиот ХЈК Хелсинки во натпреварот од 5. коло од групната фаза на УЕФА Лига Европа со 2:1.
Португалскиот стручњак по овој показател го надмина легендарниот Сер Алекс Фергусон и стана тренер со најмногу победи во европските натпреварувања. Мурињо претходно беше тренер на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Со португалскиот клуб стана победник во Лигата на шампионите – 2003/2004 година, истото го направи и со Интер , а со Манчестер Јунајтед ја освои Лигата на Европа во 2017 година, за на крај со Рома да го освои трофејот во Конференциската лига во сезоната 2021/2022.