Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по поразот на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен синоќа, призна дека му е мило што заврши подготвителниот период. Во текот на летото, португалскиот стратег постојано се жалеше на тешкотиите со формирањето на тимот поради бројните повреди и отсуства на водечките играчи кои настапија на Светското првенство.
„Конечно претсезоната е завршена. Конечно, толку тешка претсезона е зад нас. Нашите играчи уште еднаш се покажаа многу добро. Дури и да не можевме да очекуваме нешто повеќе“, вели Мурињо.