Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој има богата и плодна кариера и досега рабоше во многу елитни состави и имаше контакти со најдобрите светски фудбалери, откри кои му оставиле најголем впечаток.
„Меси, Кристијано Роналдо, Роналдо.. Сите се врвни фудбалери кои доминираат во рок од 15 години, но, ако морам еден да изберам, тогаш тоа е бразилецот, Роналдо. Тој е најдобар фудбалер во историјата според мене. Повредите му направија проблеми, да не беа тие, неговата кариера можеше да биде уште подобра“- вели Мурињо.
Во периодот кога Бразилецот настапуваше на „Камп Ноу“, Португалецот работеше како помошен тренер.