Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо го коментираше отпуштањето на својот колега од Челзи, Френк Лампард .
„Не мислам дека Френк би сакал да разговара со мене или со некој друг, освен неговиот близок круг на семејство и пријателите. Но, секогаш се чувствувам тажно кога некој колега ќе ја изгуби работата, а Френк не е само колега. Тој е важна личност во мојата кариера, па жал ми е што му се случи тоа. Таква е суровоста во фудбалот, особено модерниот фудбал, па кога ќе станете тренер, треба да знаете дека порано или подоцна тоа ќе ви се случи“, изјави Жозе Мурињо.
Вчера Френк Лампард доби отказ од Челзи, а на негоо место дојде поранешниот тренер на ПСЖ, Томас Тухел. Договорот меѓу германскиот тренер и Челзи ќе биде со важност до 2022 година.