Напаѓачот на италијанската репрезентација Андреа Белоти веќе шест недели е слободен играч.
Откако му истече договорот со Торино, се споменуваше во многу комбинации, а сега Жозе Мурињо се обидува да ја реши ситуацијата во своја полза.
Според италијанските медиуми, тренерот на Рома го контактирал Белоти и се обидел да го убеди дека доаѓањето кај него е вистинската работа. Белоти веќе ги одби Галатасарај и Ница.