Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, не крие дека е крајно разочаран од настапот на дел од фудбалерите на гостувањето кај Барнли во рамите на Премиер лигата. Натпреварот заврши нерешено 1:1 а голот за Спарси беше дело на Деле Али.
„Класата на Лукас Моура и Џовани Ло Селсо е голема. Тие двајца заедно со Деле Али и Стефан Бергвајн иако беа многу уморни видовте што направија. Очекував многу повеќе од играчите што се одморни. Тие треба да разберат дека се дел од Премиер лигата“ потенцираше Португалецот.
„Сакам да работам за да го подобрам тимот. Сепак, еден тренер не може да стори ништо. Фудбалерите мора да бидат вклучени во процесот“ – изјави Мурињо кој нема победа во последните 3 средби.