Екипата на Рома е заинтересирана за украинскиот интернационалец од Аталанта, Руслан Малиновски, пишува „Калчомеркато“. Договорот на Украинецот истекува за една година и „римјаните“ веќе ја истражуваат можноста да го обезбедат неговиот потпис.
Рома се обиде летово да заштеди пари со доста внимателно одбрани засилувања, па Мурињо сега тргнува по Малиновски кој уште оваа зима би можел да заигра на „Олимпико“. Во моментов Украинецот во Бергамо заработува околу 1 милион евра годишно, а негова желба е барем да ги удвои приходите во следниот клуб.