Менаџерот на Рома, Жозе Мурињо се надева дека Пауло Дибала ќе се врати на терените пред Светското првенство во Катар.
„Дибала е важен поради головите што ги постигнува за нас. Кога недостасуваат одредени играчи, тогаш ни е многу тешко“, изјави португалскиот стручњак.
Репрезентативецот на Аргентина беше надвор од теренот од почетокот на октомври кога заработи повреда, но Мурињо се надева дека Пауло Дибала ќе биде достапен за натпреварот со Торино следната сабота.
„Очигледно дека сака да оди на Светското првенство. Добро се опоравува, па се надевам дека ќе може да игра викендов“, објасни Мурињо.