Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем планираат да се вклучат во трката за потписот на играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Иван Перишиќ, кој настапува како позајмен од Интер.
Откако германците одбија да платат 20 милиони евра за да му го откупат договорот на 31-годишниот Хрват, „спарси“ ќе се обидат да исконтактираат со луѓето од Интер и да издејствуваат помала трансферна сума.
Перишиќ во сезоната 2019/2020, за баварскиот тим одигра 22 меча со ефект од 5 голови и 8 асистенции.