Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, најави дека неговиот тим ќе одигра максимално мотивирано против Мидлзборо во ФА купот. Португалскиот менаџер нема да калкулира и најави офанзивна игра против актуелниот второлигаш.
Специјалниот им открил на медиумите дека еден гол од историјата на Тотенхем дополнително го приврзал за ФА купот уште како тинејџер.
„ За мене ФА купот е специјално натпреварување. Историјата, победите, головите, никогаш нема да го заборавам голот на Рикардо Вилја од времето кога бев тинејџер. Можам да замислам што значи тој за фановите“ – вели тренерот на Тотенхем.

