Екипата на Тотенхем вчера загуби на теренот на Лајпциг со 3-0 и со два пораза без постигнат гол ја заврши пресметката со Германците во 1/ 8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони . Тренерот на Англичаните, Жозе Мурињо, таквиот епилог го препишува на фактот дека тимот константно се бори со повреди на играчите.
„Бев позитивен и морам да бидам. Сите верувавме дека можеме да одиме понатаму. Тешко беше, затоа што РБ Лајпциг е одличен тим“ – потенцираше Португалецот.
„ Ги направивме истите грешки а тие имаа одлична средина која не притискаше. Никого не обвинувам, досега преживеавме многу трауми. Се започна од моментот кога ни се повреди Уго Лорис и лошата среќа не престана“ – вели Мурињо.

