Манчестер Јунајтед ја следи ситуацијата околу искусниот дефанзивец на Милан, Леонардо Бонучи, пренесуваат медиумите на Островот.
Менаџерот на „црвените ѓаволи”, Жозе Мурињо сака да го привлече во својот состав овој централен дефанзивец и сега веќе најави дека ќе даде понуда до Милан за поранешниот играч на Јувентус кој минатата година изненадувачки се пресели на „Сан Сиро“. Клубот од Милано сепак може да биде принуден да продаде многу од играчите, за да успее да влезе во нормата за финансиски ферплеј на УЕФА, откако тимот фрли доста пари за играчи пред почетокот на минатата сезона.
Бонучи е меѓу најскапите играчи на тимот и се очекува дека тој исто така може да биде жртвуван. Мурињо ќе почека да види дали Милан ќе се одлучи да го продава Бонучи и веднаш да излезе со понуда за него.