Фудбалерот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ е топ трансферна цел на Манчестер Јунајтед за јануарскиот преоден рок, тврди „Дејли Стар”.
Менаџерот на „црвените ѓаволи” Жозе Мурињо исклучително многу сака да го донесе српскиот репрезентативец и е решен на се, само за да го донесе овој играч на „Олд Трафорд“.
Сергеј беше најактуелно име за време на летниот преоден рок, но на крајот одлучи да остане на „Олимпико”, иако беше поврзуван уште со ПСЖ и Реал Мадрид.
Се очекува во трка за неговиот потпис оваа зима да бидат вклучени уште неколку екипи, па затоа „црвените ѓаволи” ќе мора да понудат исклучително голема сума за да ги убедат „орлите” од Рим да се согласат да им го продадат.