Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги информирал крајните дефанзивци Матео Дармиан и Дејли Блинд дека нема да смета на нив во новата сезона и се слободни да си бараат нов клуб, соопштува весникот „Тајмс”.
Блинд и Дармиан имаат договори до летото 2019 година, па затоа со нивната продажба „црвените ѓаволи” ќе се обидат да добијат свеж капитал во клубот.
И двајцата играчи пристигнаа на „Олд Трафорд” во времето на претходниот менаџер Луис ван Гал, но по оптимистички почеток постепено ги загубија стартните места и станаа длабоки резерви на клупата на Манчестер Јунајтед.