Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, даде негово видување за мега-трансферот на Кристијано Роналдо во екипата на Јувентус.
Португалецот по девет години поминати на – „Сантијаго Бернабе“ се определи да ја напушти Шпанија и кариерата да ја продолжи во најсилната лига на Италија.
„Примера нема да ги има двата најдобри фудбалери во светот. Едниот е во Шпанија а другиот во Италија. Сега Серија „А“ станува најзначајното првенство во Европа поради Кристијано. Шпанскиот шампионат ќе го гледаме заради Меси а англискиот поради конкуренцијата. Му честитам на Јувентус за трансферот кој ќе му донесе голем напредок од секој аспект“ – потенцирал Мурињо.