По Жељко Бувач кој си замина од асистентската позиција во екипата на Ливерпул, сега и Мурињо останува без својот помошник. Како што објавија англиските медиуми, Руи Фарија, десната рака на Мурињо на кормилото во Манчестер Ј. заминува од клубот.
„По многу размислување и со тешко срце одлучив дека е време да тргнам понатаму“, изјавил Фарија.
Руи е дел од менаџерскиот тим на Мурињо од 2001 година и заедно сменија дури 6 клубови и освоија 25 трофеи. Се претпоставува дека Фaрија е еден од кандидатите за наследник на Венгер на кормилото на Арсенал.