Жозе Мурињо имаше успешен старт на кормилото на Рома откако „волчицата“ вчера славеше на теренот на Трабзон со 2:1 во рамките на елиминацискиот дел во Конференциската лига на УЕФА.
„Тоа не беше противник на ниво на Конференциската лига, повеќе беше како плеј-оф за Лигата на шампионите. Не беше лесно, тие имаат многу искусни фудбалери. Навивачите исто така создадоа одлична атмосфера“ – вели Португалецот.
„Ми се допадна начинот на кој игравме. Треба уште да напредуваме“ – потенцираше новиот тренер на италијанскиот состав.