Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мурињо кажа кого сака во нападот на Рома
    Фудбал

    Мурињо кажа кого сака во нападот на Рома

    risteBy riste08/05/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Идниот тренер на Рома, Жозе Мурињо веќе го избра играчот што го посакува за нападот на тимот од новата сезона, кога и официјално ќе ја превземе работата на клупата на римската „волчица“.

    Според „Кориере дело Спорт“, Мурињо сака во својот состав да го има напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Во Белоти тој гледа совршен човек за нападот на Рома, а како менаџер на Тотенхем веќе се обиде да го привлече во Лондон.

    Договорот на Белоти со Торино истекува во јуни 2022 година и иако има клаузула за ослободување од 100 милиони евра, таа важи само за потенцијалните купувачи надвор од Италија, а неговата цена е далеку под таа вредност и Трансфермаркт во моментов ја проценува на 40 милиони евра. Оваа сезона, 27-годишниот напаѓач има 12 голови и 7 асистенции на 31 натпревар во Серија А.

    Сè уште не е јасно дали босанскиот ветеран Един Џеко ќе остане на „Олимпико“, но според италијанското издание, Мурињо нема ништо против 35-годишниот напаѓач да продолжи да биде дел од тимот, без разлика дали е тоа како можен партнер на Белоти или негов алтернатива.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.