По сите критики упатени на адреса на сопствениците на тимот, првиот стратег на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ќе може да ги купи посакуваните играчи во зимскиот преоден рок.
Мурињо и покрај тоа што ова лето успеа на „Олд Трафорд“ да донесе три нови имиња, остана крајно незадоволен од составот со кој располага во моментов. Португалецот ги донесе Фред од Шахтјор, Далота од Порто и голманот Грант, но постојано во медиумите вели дека тоа не е ростерот кој треба да го направи Јунајтед шампион.
Со оглед на критиките, од раководството на тимот од „Театарот на соништата“ решиле во јануари да му дозволат на Мурињо да потроши доволно пари за да го засили тимот по своја мерка. Главна трансфер цел на Мурињо во јануари ќе биде Белгиецот од Тотенхем, Тоби Алдервајрелд, но веројатно ќе има уште едно или две други имиња на листата на посакувани.