Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој во текот на летово седна на кормилото на Рома, најверојатно ќе успее да го ангажира играчот на Арсенал, Гранит Џака.
„Скај Италија“ објави дека швајцарскиот репрезентативец набрзо ќе пристигне на „Олимпико откако успеал да ги договори личните услови со „волчицата“. Тој ќе има договор до 2025 година и ќе заработува по 2.5 милиони евра по сезона.
Се претпоставува дека два тима лесно ќе се договорат за висината на обештетувањето.