Манчестер Јунајтед и понатаму е без сериозен трансфер. Жозе Мурињо ќе мора да продаде некој играч со што ќе обезбеди пари за купување на играчи.
Како што стојат работите Крис Сполинг би можел да донесе пари во касата на Манчестер Јунајтед кои се неопходни за купување на Јери Мина од Барселона. Екипата на Вилверхемптон е заинтересирана за Смолинг, а ништо против за овој трансфер нема ниту англискиот стопер.
Останува сега да се договорат и двата клуба и зелено светло за овој трансфер да даде менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.