Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо нема да ја напушти Рома во текот на летото иако за неговите услуги се заинтересирани францускиот Пари Сен жермен и англискиот состав Њукасл.
60-годишниот тренер одлучил да остане во римскиот клуб барем до летото во 2024 година кога ќе му истече договорот. „Специјалниот“ седна на кормилото на „римската волчица“ во 2021 година и успеа да ја освои Конференциската лига.
Неговиот тим во сезонава во Серија „А“ се наоѓа на петото место на табелата и се бори да обезбеди виза за Лигата на шампионите.