Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо сака да го одработи договорот со Рома кој ќе му истече во текот на летото во 2024 година.
„Специјалниот“ пред новинарите на „Чизмата“ нагласи дека нема намера да ја менува средината иако за неговите услиги се заинтересирани неколку екипи кои останаа без тренер. Тука во преден план се шпекулира со англискиот Челзи.
„Имам договор со Рома за уште една сезона но, понекогаш договорите не се најзначајни“ – нагласи 60-годишниот тренер кој има искуство и од Премиер-лигата.