Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, им порача на сите што не сакаат да се вратат што побрзо на стадионите во Англија да седат дома и да гледаат мечеви од Бундес-конкуренцијата.
„Сакаме да тренираме. Очајнички го чекам враќањето на Премиер лигата кога условите ќе дозволат. Особено сега кога гледам дека другите првенства продолжуваат“ – вели Португалецот.
„Исклучително напорно работевме, но, бевме изолирани од други луѓе. Сите фудбалери беа исклучително посветени на индивидуалната работа во текот на паузата“ – потенцираше тренерот на Тотенхем.

