Трофејниот фудбалски тренер, Жозе Мурињо, пред стартот на Европското првенство нагласи дека Германија игра многу лошо во последниве две години. Тој не заборави да ја потенцира и победата на Македонија на теренот на „панцирите“.
„Тимот на Јоаким Лев играше многу лошо во Лигата на нации и во квалификациите за Светското првенство. Македонија му нанесе историски пораз. Да не заборавиме, тие се „војници“ и се крајно дисциплинирани. Ако ја поминат групата можат да одат и во финалето“ – рече Португалецот.
Германија на Евро-шампионатот ќе стартува во групата со Франција, Португалија и Унгарија.