Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашната сензационална елиминација од Динамо Загреб во Лигата на Европа, вели дека не е изненаден од играта на домаќините.
„Им кажав на моите играчи на полувремето да не се опуштаат ако е 0:0.Динамо беше мотивиран и имаше голема желба за победа, сакаа да докажат дека имаат талент да се надигруваат со најдобрите“ – вели Португалецот.
„Им ги дадов на играчите сите информации за Орсиќ, но, ете се случи тоа што сите го видовте. Честитки до него на одличната вечер“ – изјави Мурињо.