Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Андреа Белоти, кој го одработи договорот со Торино, ќе ја прифати понудата на Рома, велат последните информации од „Чизмата“.
Екипата од Рим му понудила 2-годишен договор со опција за уште една. Платата на Белоти ќе биде 2,8 милиони евра по сезона но, може да порасне и до 3,5 милиони.
Медиумите во Италија се сигурни дека напаѓачот ќе даде позитивен одговор.